Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

СИГ - Специјални Интересни Групи
Здружете се и дружете се

Менса е се она што ние ќе направиме од неа. Менса се прилагодува на потребите на своите членови. Најдобар пример за тоа се групите со специјален интерес. Ако има повеке од двајца заинтересирани може да се организираат во било која форма и да другаруваат или творат за она што тие сметаат дека е пожелно. Организирањето во групите е препуштено на целосна слобода на заинтересираните членови.

Има групи кои се основаат за целите на Менса, на пример да им помогнат на членовите на Менса кои патуваат, за издавање на некое списание или публикација итн. Но најголемиот дел од групите во Менса се организираат заради дружење. Независно дали групата е сериозна и постојано изработува проекти или едноставно членовите се собираат заради интересно да го поминат слободното време, во основата на сето тоа е дружењето.

 

Име менсијанци кои во слободното време сакаат да ги испробаат сите можни видови храна. Има менсијанци кои едноставно сакаат да си минат романтично под ѕвездите (СИГ Астрономија, иако ако ги прашате за ова ке почнат гласно да одрекуваат и да ви тврдат дека причината за собирањето е друга, демек во служба на науката). Има Менсијанци кои им биле слатки на трите наречници и затоа овие рекле “ќ е биде сеирџија” (Името на СИГ-от е изоставено бидејќи авторот на текстов е член на дотичниот СИГ па им фаќа Сеир).

 

Од светските искуства основањето СИГови одело по следниов принцип: Дотичниот член се буди и наоѓајќи се себеси во многу жедна состојба бара некое друштво да пивне нешто (Можно на станување на легендарниот американски SIG Beer (Пиво) ). Малце чуден пример но во секој случај ја доловува поентата, дружење во онаа форма која вие ја посакувате.

 

Од посериозните светски искуства тука е MensaIQCapital, организациона единка во која дефинитивно се исплаќа што некој е роден со дар. Станува збор за група која обединува пронаоѓачи, консултанти, проектанти и големи компании кои не прашуваат колку треба да е вложено, само нивните производи да се со врвен квалитет, дизајн и оргиналност на пазарот. Принципот на работа е следниот, вие се пријавувате и добивате право на учество во проектите кои се изведуваат, во зависност од вашите склоности и посветено време во реализација на проектите добивате разни проценти и бонуси, нешто што дефинитивно треба да се испроба ако сте стручен во некоја област и ако имате вишок на време кое сакате да го посветите во работа, надградба и заработка.

 

Ако има нешто за што отсекогаш сте биле заинтересирани, здружете се, на крајот секогаш се исплатува. Процедурата е едноставна, побарајте дали некој пред вас веќе има основано група со истите интереси, или само најдете двајца заинтересирани подготвени да го поделат она што се бара. И секако ставете ни до знаење дека се здружувате, пратете порака на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите каде што ке ни напишете за што ке се дружите и како да ве контактираме. Ако имате некои прашања пробајте да го пронајдете одговорот на странициве.

 

 

Тест за вежба