Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Активности во Менса Македонија

Како се одвиваат активностите во Менса Македонија?

 

Работата на членовите на Менса Македонија се одвива преку групи со посебни интереси, или како ние ги нарекуваме СИГ-ови (кратенка од Special Interest Group). Членовите на Менса Македонија досега покажаа интерес за формирање на 23 СИГ-ови, од кои активно работат неколку, а неколку се во фаза на оформување. Интересите на нашите членови се најразлични, за што зборува и разновидноста на СИГ-овите, од оние кои се посериозни, како СИГ Математика и Логика, Физика, Психологија, Астрономија; па до оние помалку сериозни и забавни како СИГ Музика, Хумор, Спорт.

За еден од овие СИГ-ови, во Менса Македонија сметаме дека е од посебна важност, а тоа е Образование на натпросечно интелигентни деца. Во врска со ова, е и нашата определба за откривање, создавање предуслови и ангажирање околу образованието на надарените и натпросечно интелигентни деца и младинци. Идните планови се формирање на посебен инвестиционен фонд за обезбедување на стипендии за натпросечно интелигентните деца и младинци.

Официјалната Веб адреса на Менса Македонија е http://www.mensa.org.mk/

Сите наши добростоечки (полноправни) членови можат да се приклучат на нашата Facebook група - https://www.facebook.com/groups/290835254376130/

Доколку сте член со платена членарина побарајте членство во Facebook Грпата. 

 

Прочитајте го Статутот на Менса Македонија.

 

 

Тест за вежба