Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

За интелигенцијата
  • Терминот интелигенција потекнува од латинските зборови: “интер” (интер = помеѓу) и “легере” (легере = одбира, избира), во буквален превод значи “избира помеѓу” - со општо значење увидување на меѓусебните врски
  • Ова е најстарата и се уште актуелна дефиниција на интелигенцијата: способност за увидување на односи и врски помеѓу предметите и појавите.

Постојат многу различни дефиниции за интелигенцијата, кои ги поставиле повеќе од 250 научници од различни области.

Интелигенцијата е капацитет на личноста да се однесува на одреден начин, успешно да се справува со предизвиците и да ги постигнува своите цели.

Интелигенцијата е серија од вештини кои и овозможуваат на личноста да ги препознае и реши препреките од било кој вид кои се јавуваат во животот.

Интелигенцијата е комплекс од многу различни способности и начини на мислење, како: способност за апстрактно мислење; способност да се разберат комплексни идеи; способност за брзо и успешно учење и стекнување на знаења; искористување на претходното искуството, способност за успешно прилагодување на промените во околината, што подразбира и успешно решавање на проблеми.

Некои од способностите кои ја сочинуваат интелигенцијата се:

  • Прилагодување на нови ситуации и промена на поставените цели
  • Учење или профитирање од искуство или тренинг
  • Апстрактно мислење, со употреба на симболи и концепти
  • Совладување на пречки со размислување
  • Разбирање на комплексни идеи

Интелигенцијата е внатрешна карактеристика на личноста и првенствено има рационална природа. Но, таа никогаш не е потполно рационална, на неа влијаат емоциите, мислењето и интуицијата.

Интелигенцијата во суштина е ментална адаптација на новите околности, со кои се среќава личноста во текот на нејзиниот живот.

 

Основната карактеристика на интелигенцијата е степенот до кој единката се прилагодува на средината. Оваа можност за прилагодување ја обезбедува способноста за расудување по која се разликуваат интелигентната и ментално заостанатата личност.

 

Интелигенцијата не е знаење, иако честопати се поистоветува со него.

 

Интелигенцијата не го вклучува тоа колку си успеал во животот, колку си среќен или кој степен на образование си го завршил.

 

Интелигенцијата има своја индивидуална и историска општо-човечка димензија. Таа е една од најистакнатите димензии на личноста. Во денешно време во голема мерка влијае на социјалниот статус на поединецот. Оној поединец кој во својата околина е познат и признат како интелигентен, повеќе напредува од останатите во сите сфери на општествениот живот.


Интелигенцијата е битен дел на човечките способности и е основа на користењето на човечките потенцијали.

 

Генерално, се смета дека рапидниот раст на интелигенцијата завршува кога личноста ќе ги достигне доцните тинејџерски години - околу 16 година од животот.

 

 

Тест за вежба